Напис
Најчесто поставувани прашања
Транспарентноста и долгорочната визија даваат доверба и сигурност, затоа Центарот за супервештачења е најбројната организација на вешти лица, чиј број се зголемува во континуитет. 1. Дали работата е индивидуална или тимска? Во зависност од природата на предметот/проектот, работата може да биде индивидуална или тимска. Тимски пристап се применува кај супервештачења, предмети што бараат повеќе различни … Continued
By ИОС-ЦСВ
Транспарентноста и долгорочната визија даваат доверба и сигурност, затоа Центарот за супервештачења е најбројната организација на вешти лица, чиј број се зголемува во континуитет.
1. Дали работата е индивидуална или тимска?
Во зависност од природата на предметот/проектот, работата може да биде индивидуална или тимска. Тимски пристап се применува кај супервештачења, предмети што бараат повеќе различни вештини, асистенција или во случаи на кратки рокови.
2. Дали можеме да добиеме советување или консултации за предмет?
Да. Вмрежувањето е една од главните предности на Институтот. Раководителите на секторите се на располагање за технички и други стручни прашања.
3. Дали се плаќа членарина?
Не. Принципот на работа на Институтот и сите негови центри и оддели со надворешните соработници е без членарина. Сметаме дека сите вешти лица – и искусни и нови – треба да имаат еднаков пристап до мрежата, ресурсите и знаењата, со цел јакнење на фелата.
4. Дали е задолжително да се работи предмет? Што ако сме зафатени или надвор од државата?
Не е задолжително. Распределбата на предмети се врши по слободна волја – вештото лице самостојно одлучува дали ќе го прифати предметот. Постапката за прифаќање е детално опишана во правилниците објавени на веб-страницата на Институтот.
5. Дали Институтот обезбедува простории и ИТ-опрема за работа на предметите?
Институтот не обезбедува инфраструктура за сите предмети. За работа на стандардни предмети потребно е вештото лице да има сопствен компјутер и работен простор. За одредени посложени предмети Институтот може да обезбеди простор и техничка опрема.
6. Дали ќе има многу патувања низ земјата?
Во зависност од конкретниот предмет и потребите. Вештото лице има целосна слобода да одбере дали ќе прифати предмет што е надвор од неговото место на живеење или не.
7. Дали ќе има обуки?
Да. Планирани се општи континуирани обуки без надомест за членовите на Институтот за одржливи стратегии – ИОС Центар за супервештачења.
Почетни или специјализирани обуки се дел од агендата и за истите ќе важат посебни услови.