Организирана поддршка за стабилно работење
Администрација и Финансии
Администрацијата и финансиите обезбедуваат јасна структура, прецизна документација и подобра контрола врз деловните, финансиските и организациските процеси.
Преку анализа на документација, проверка на финансиски податоци, организација на административни процеси и следење на обврски, се обезбедува поголема прегледност, точност и сигурност во работењето. Овој сектор помага компаниите, институциите и поединците да донесуваат подобро информирани одлуки врз основа на уредни податоци и јасна состојба.
Што опфаќа оваа стручна област
Прегледност, контрола и финансиска јасност во секој процес
Овој Центар опфаќа административна обработка, финансиска анализа, проверка на документација, следење на обврски и утврдување на реалната состојба во деловното или институционалното работење.
Администрацијата и финансиите претставуваат основа за правилно, организирано и одговорно функционирање на секој систем. Овој Центар се занимава пред се со интерна анализа, проверка и структурирање на документација, финансиски податоци, сметки, договори, извештаи, трошоци, обврски и други деловни записи кои се важни за реалната слика на работењето на Институтот.
Резултатот е јасна, уредна и проверлива слика за административната и финансиската состојба, која помага при правилно одлучување, планирање и понатамошно постапување.
Како услуги кои ги нуди овој Центар за надворешни клиенти е аквизиција, обука и тренинг на таленти преку разгранета мрежа на специјалисти за човекови ресурси и регрутери.
Финансов контролинг финансиски советувања, имплементација на системи и процеси кои го подобруваат финансиското и оперативното работење на друштвата.
Маркетинг, промоции и партнерства преку мрежа на експерти за овие области.