Skip to content

Експертски увид базиран на докази

Експертиза и истражување

Експертизата и истражувањето обезбедуваат објективен, структуриран и аргументиран увид во конкретна состојба, проблем, процес или спорно прашање.

Преку систематско прибирање информации, анализа на документација, проверка на факти и примена на стручна методологија, се утврдува реалната состојба и се добиваат јасни заклучоци кои можат да послужат како основа за одлуки, постапки, проценки или понатамошни активности.

Експертиза и истражување

Стручна анализа и проверени сознанија

Кога одлуките треба да се темелат на докази

Експертизата и истражувањето обезбедуваат јасен, објективен и аргументиран увид во конкретна состојба, проблем, процес или спорно прашање.

Овој Центар опфаќа стручна анализа, прибирање информации, проверка на факти и систематско научно истражување со цел да се добие целосна и реална слика за одредена ситуација и истата да се публикува јавно. Преку анализа на документација, податоци, технички елементи, пазарни услови, процеси и релевантни околности, се утврдуваат причините, последиците, ризиците и можните решенија.

Експертизата се користи кога е потребно стручно мислење базирано на знаење, искуство и методологија. Истражувањето, пак, овозможува подлабоко разбирање на фактите, споредба на информации и идентификување на клучни наоди кои можат да помогнат при носење одлуки, подготовка на документација, проценка на состојба или разрешување на комплексни прашања.

Резултатот е јасен, структуриран и применлив увид кој помага одлуките да се донесат врз основа на факти, а не претпоставки.

Одделот за проектен менаџмент е задолжен за обуки за проекти и нивна координација, за што се задолжени експерти со искуство во меѓународни фондации.

Одделот за обуки се грижи да обезбеди потребни основни и напредни обуки од повеќе области, асистира при подготовки за сертификации и акредитации и други активности во интерес на клиентите.