ТАРИФНИК
НОВ ТАРИФНИК 📢
ТАРИФНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА ИЗВРШЕНОТО ВЕШТАЧЕЊЕ ИЛИ СУПЕР ВЕШТАЧЕЊЕ И НАДОМЕСТОКОТ ЗА РЕАЛНО ПОТРЕБНИТЕ ТРОШОЦИ
📢 Важна информација По подолг период преговори со Министерството за правда, Комората на вештаци на Република Северна Македонија ги известува своите членови и пошироката јавност дека Тарифникот за начинот на пресметување на наградата за извршено вештачење или супер вештачење и надоместокот за реално потребните трошоци е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. … Continued
By ИОС-ЦСВ
📢 Важна информација
По подолг период преговори со Министерството за правда, Комората на вештаци на Република Северна Македонија ги известува своите членови и пошироката јавност дека Тарифникот за начинот на пресметување на наградата за извршено вештачење или супер вештачење и надоместокот за реално потребните трошоци е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/2026 од 19.10.2026 година.
Иако постоеја различни очекувања во однос на висината и начинот на пресметка, овој чекор е резултат на долгорочни преговори помеѓу раководството на Комората и Министерството за правда. Решението носи бенефит за вештите лица, но истовремено претставува и поголема одговорност во извршувањето на професијата.
Се очекува соработката помеѓу овие две институции да продолжи и да се зајакне со поголема вклученост на членовите.
Институт за одржливи стратегии – Центар за Супер Вештачења