ГОДИШЕН СОСТАНОК 2026 🤝
ГОДИШЕН СОСТАНОК 2026 🤝
На 15 октомври 2026 година, во Меморијалниот центар „Никола Кљусев“ во Скопје, се одржа годишниот состанок за 2026
На 15 октомври 2026 година, на место со исклучителна важност и симболика, Меморијалниот центар „Никола Кљусев“ во Скопје, се одржа годишниот состанок за 2026 на Институтот за одржливи стратегии – ИОС Центар за супервештачења. Институтот за одржливи стратегии – ИОС Центар за супервештачења е експертска и независна организација што ги обединува врвните специјалисти од повеќе...
На 15 октомври 2026 година, на место со исклучителна важност и симболика, Меморијалниот центар „Никола Кљусев“ во Скопје, се одржа годишниот состанок за 2026 на Институтот за одржливи стратегии – ИОС Центар за супервештачења.

Институтот за одржливи стратегии – ИОС Центар за супервештачења е експертска и независна организација што ги обединува врвните специјалисти од повеќе дисциплини и дејствува во широк опсег на области, со цел да понуди стручно точни, аргументирани и практично применливи решенија.
Нашиот пристап се заснова на ригорозна методологија, докажани факти, научно знаење и стекнато практично искуство, при што квалитетот и етиката претставуваат основни вредности што нè водат, со постојан акцент на кредибилитет, одржливост и долгорочна вредност.
На состанокот, учесниците ја потврдија определбата на Институтот да биде активен центар за креирање решенија во областите во кои има експертиза. Во време кога стручноста, аналитичноста и професионалниот интегритет се најпотребни, беа поставени трите клучни столба на дејствувањето:
- 👨⚖️ стручна експертиза без компромиси – обединување на врвни професионалисти, научници и практичари подготвени да понудат темелни анализи и одржливи решенија;
- 📚 институционален развој и едукација – градење капацитети, споделување знаење и отворање простор за стручна дебата, со посебен фокус на младите кадри;
- 🟰 јавен интерес пред сè – застапување на политики и ставови темелени на аргументи, наука и стручна вистина.
- 🔹
- За време на состанокот присутните имаа можност да се претстават, подобро да се запознаат и да разговараат за теми од суштинско значење за фелата. Беа разгледани визијата, мисијата и основните принципи на Институтот, неговите цели и задачи, организациската структура, актите, политиките и правилниците, надоместоците и тарифата, системот на оценување, структурата на вешт наод, како и планот за 2027 година и наредните активности.



Состанокот заврши во позитивна и конструктивна атмосфера, проследена со неформално дружење и вмрежување. Особено впечатлива беше активноста, енергичноста и подготвеноста за соработка што ја покажаа сите учесници. Токму оваа енергија претставува солидна основа за тоа во наредниот период да следат уште повеќе активности, специјализирани по области, кои ќе ја продлабочат заедничката работа.
🔹

Во наредниот период следуваат бројни активности, состаноци и размена на идеи со релеватни институции со цел унапредување на професијата за добро на општеството.
Со почит и верување во заедничкиот напредок,
д-р Димитар Аневски
Раководител на Центар за супервештачења
ЗА ЦЕНТАРОТ ЗА СУПЕРВЕШТАЧЕЊА
Центарот за супервештачења денес е еден од најбројните во државата, со над 100 соработници и целосна покриеност на територијата на Македонија. Неговата сила лежи во синергијата и комплементарноста на вештите лица од различни области, како и во ефикасноста што ја обезбедува воспоставениот систем на јасни правила и процедури.

Центарот ги нуди своите услуги за супервештачења од сите области, вклучувајќи:
- Архитектура
- Ветеринарна медицина
- Геодезија
- Градежништво
- Економија
- Електротехника
- Енергетика
- Заштита на животна средина
- Земјоделство, шумарство и животна средина
- Интелектуална сопственост
- Информатички технологии
- Медицина (Кардиологија, Ортопедија др.)
- Машинство
- Офталмологија
- Пожари и штети
- Психијатрија и невронаука
- Психологија
- Рударство
- Сообраќај
- Урбанизам
- 🔹
Контактирајте не преку електронска пошта, телефон или преку контакт формата на интернет страната.
🔹
Фотографии од состанокот:





