Институт
ИНСТИТУТ ЗА ОДРЖЛИВИ СТРАТЕГИИ ИОС-ЦСВ
Стручност. Независност. Интегритет.
Институтот за одржливи стратегии е стручна и независна институција која обединува врвни експерти од различни области и работи на широк спектар на полиња со цел да обезбеди професионално прецизни, аргументирани и апликативни решенија. Нашиот пристап се темели на строга методологија, факти, научно знаење и практично искуство, при што квалитетот и етиката се основните вредности по кои се водиме, со постојан фокус на кредибилитет, одржливост и долгорочна вредност. Во Институтот се формирани три центри со повеќе оддели.
Центар за Вештачења и Супервештачења
Обезбедуваме стручни и независни вешти наоди базирани на факти, сеопфатна анализа и научна методологија, со цел точно утврдување на реалната состојба, јасни одговорности и стратешки можности.
Центар за експертиза и истражување
Анализи и научни истражувања, проектен менаџмент, обуки и сертификации, фокусирани на одржливи и применливи решенија.
Центар за администрација и финансии
Ефикасно управување со процеси, документација и финансиски текови, обезбедувајќи транспарентност, усогласеност и стабилна поддршка на институционалното работење.
ВИЗИЈА
Да станеме водечки национален и меѓународен центар за супервештачења, каде што најсложените и најкритичните прашања од областите на вештачење се решаваат со највисоко ниво на експертиза, иновативност и објективност.
МИСИЈА
Да обезбедуваме професионални, независни и сеопфатни услуги кои им помагаат на институциите, компаниите да носат одлуки врз основа на научни и стратешки анализи. Преку комбинирање на искуство од врвни експерти, најнови технологии и мултидисциплинарен пристап, го подигаме стандардот на вештачењето, обуките и советувањето во земјата и регионот, придонесувајќи кон квалитет, одржливост и праведност.
ОРГАНИЗАЦИОНА ШЕМА

АКТИ НА ИНСТИТУТОТ
Актите на Институтот за одржливи стратегии се јавни и достапни, како еден од елементите за транспарентност и отвореност. Покрај општите акти и политики, Институтот се води по интерни правилници и усвоени форми (пријави, барања, договори, изјави, тарифи и тн)